Search
среда 20 јуни 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

БОКИ 13-КА СЕ РАСФРЛА СО МИЛИОНИ ЕВРА

БОКИ 13-КА СЕ РАСФРЛА СО МИЛИОНИ ЕВРА, ГРАДИ ХОТЕЛИ, ТЕЛЕВИЗИИ, ЧОВЕКОТ Е МАКЕДОНСКИОТ ДОНАЛД ТРАМП

Цело Скопје е преплавено со билборди за новата интернет телевизија на Боки, сигурно над 50 000е се лупнати само за маркетинг, плус плати за 20 вработени, нови студија, тоа е проект во висина од пола милион евра…

Плус ова, Боки гради хотели, згрижува бездомници и болни, а во јавност носи облека вредна десетици илјади евра, од каде му на овој човек пари? Алал да му е, он е македонскиот Доналд Трамп.

Меѓународен сојуз Скопје продолжува со стратешките инвестициите, заедно со своите бизнис партнери. Планирано е на територија на скопската општина Карпош наскоро да започене со изградба на Еврпски центар за возрасни лица. Партнер во оваа ивестиција на Сојузот му е ГП Дрим Билдинг од Струга, а локацијата на центарот дополнително ќе биде утврдена во консултација со локалната власт на општина Карпош.

– Сметаме дека изградбата на ваквиот европски центар, инаку прв во Македонија ќе овозможи сосема поинакви стандарди и исклучително високи услови за сместување и претстој на возрасни лица на кои ваквото сметстување и нега им е неопхдона – вели за Либертас сопственикот на градежната компанија Дрим Билдинг, Адријан Амзовски.

Европскиот центар ќе биде според сите меѓународни стандарди предвидени за сместување, рекреирање и целосна медицинска нега на возрасни лица. Пристап до овој центар ќе имаат странски и домашни лица. Вакви центри Меѓународниот сојуз со стратешките партнери предвидува да бидат изградени на пет локации на територијата на Република Македонија, а вкупната инвестиција се предвидува да чини над десет милиони евра, притоа во центрите ќе се вработат околу двесте лица.

 

loading...