Search
понеделник 18 декември 2017
  • :
  • :
Најнови Вести

Бранимир Јовановиќ у стилот НЕ САМ ЗНАЈАЛА, а за ОСТАВКА знаеш ли Бране, а?

Фотографија на Jordanka Ivanovska-Joci.

Пробав да се воздржам од коментар, пошто, нели, сега од оваа позиција не треба да коментирам, туку да преземам мерки, ама не се издржува…

Значи, патни трошоци од илјадници евра месечно, летање со бизнис класа, исплаќање на бонуси на функционери од неколку плати, све се тоа еклатантни примери на неодговорно трошење на народните пари. Џабе се мачиме ние да скратиме непродуктивни трошоци во буџетот, џабе се трудиме да пласираме слика дека одговорно се однесуваме со парите на граѓаните, кога ќе појави нешто вакво и све ќе ти сруши. И таман ќе се смири бурата и ќе си помислиш дека лекцијата е научена, ете ти одма друг таков случај.

И не помагаат тука никакви правдања од типот – све е по уставот и законите, зашто уставот и законите треба да им обезбедат храна, облека и дом на стотиците илјади сиромашни во оваа држава, а не дебели заработки на државните функционери.

Ок, јасно е дека со години беше наметнувана култура на владеење, однесување и размислување, според која власта служи само за лично богатење. Ок, јасно е дека ова не може да се смени преку ноќ. Ама па тоа не значи дека не треба ни да пробаме да ги смениме работите.

Да се опаметиме, другари, пошто вака почнува да наликува на онаа “све је исто, само њега нема”.