Search
среда 19 септември 2018
  • :
  • :

Дали е овој дечко најзгодниот македонец???

Не случајно токму тој е момчето кое го отвора календарот на Точка за 2018-та година.

Иако е еден од најладните месеци во годината, јануари го почнуваме ултра секси и „жешко“, со желба таква да биде и целата година: полна пријатни предизвици и авантури.

На јавноста Влатко Кузмановски ѝ е познат во улогата на Супермен за една рекламна кампања, но неговиот професионален живот е многу поисполнет; менаџер е во познат ланец маркети и е дел од повеќе модни кампањи како модел. Со својата става и физичка појава не ретко извлекува оддишки, но неговата енергија, шарм, отвореност и непосредност восхитуваат дополнително.

Како ја перцепирате/сфаќате голотијата?

Лумберсексуалци се новите метросексуалци: урбани дрвосечачи чиј заштитен знак се брада од неколку недели, залижана коса, чевли „Тимберланд“ и задолжително карирана црвена кошула!

Како ќе го искористевте времето, ако не мораше да се спие?

Мора да се спие, зашто единствено така ни се регенерира телото и се обновува потрошената енергија. Не можам ни да замислам како би изгледал животот без сон!

Хоби кое би го практикувале кога времето и парите не би имале никаква улога?

Патување низ светот со хеликоптер.

Вашата куќа од соништата?

Обколена со шума и поглед на море, езеро или река. Со високи стаклени ѕидови, пространа и со многу светлина. Да плени со мир и спокој.

Омилено место на планетава?

Вода, сонце, песок… рај за сите сетила – Француска Полинезија.

Најздодевната навика кај другите луѓе за Вас е…?

Пиење кафе по кафулиња како што прават повеќето во градов и гледање турски серии.

Која песна одново и одново Ви се „врти“ во глава?

“Lost on you” од LP.

Која активност Ви одзема најмногу време во денот?

Се трудам да балансирам со сите.

Малите нешта што го прават убав Вашиот живот?

Моментно, Аштанга јогата – моето ново откритие. За мене фантастично искуство!

Пишува: Г.Н.М

Tocka

loading...