Search
вторник 18 декември 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Доневски останува зад решетки, продолжен му е притворот за 30 дена

loading...

Васе Доневски, поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата останува во притвор во истражниот затвор Скопје.

По истекот на 30- дневниот притвор, по предлог на обвинителството за организиран криминал Кривичниот совет му го продолжи притворот за нови 30 дена.

Доневски пред едне месец беше уапсен под сомнение за злоупотреба на службената положба, односно поради сомнеж за местење на тендер за чистење во Владата.

Истрагата за овој случај ја отвори Управата за финансиска полиција, а осомничен е и тогашниот управител на компанијата Секјуриком.

loading...