Search
петок 19 октомври 2018
  • :
  • :

Доста време ерген одеше: Мартин Вучиќ се ожени, погледнете ја избраничката! (ФОТО)

Иако пееше „Рано е да се врзам“ сепак Мартин Вучиќ реши да се врзе. Во саботата музичарот од редовите на оркестарот на Македонската филхармонија се заколна на вечна љубов со неговата избраничка Сања, со која четири години е во љубовна врска. На социјалните медиуми се појавија фотографии од свадбената прослава на музичарот.

Композиторот Роберт Билбилов објави фотографија со младоженецот. Фотографија од новопечениот брачен пар објави и Нора Шаќири. На свадбената прослава изненадување имало за Марин и Сања, кога на видео бим се вклучила големата музичка ѕвезда Здравко Чолиќ кој честитка им пратил на младите, и им посакал долг и исполнет брачен живот со дечиња.

 

 

loading...