Search
среда 23 мај 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

ЕЛЕМ и директори во РЕК Битола ќе одговараат за загадување на животната средина

Loading...

За Битола… се слуша дека стентонот го купил цело сдс битола со кеш заедно со наташа ете ни паркинг е укинат ни тендери му се укинати се за него а знам дека пред избори стентонот се фалел деке една кутија со кеш е за груевски една за заев времето ќе покажи шо е вистина шо лага…

 

Против Акционерското друштво ЕЛЕМ и пет лица меѓу кои се поранешни и сегашни директори на РЕК Битола е поднесена кривична пријава за загадување на животната средина и природата. Според полицијата по низа проверки е констатирано дека пријавените не ги реконструирале постоечките или не поставиле нови филтри за прашина, со што дозволиле да се пропуштаат штетни честички.

Меѓу пријавените се 63-годишниот И.К. од Гостивар  поранешен  директор на подружница РЕК Битола, 67-годишниот Ј.К. од Битола, директор на подружница РЕК Битола, 54-годишниот О.З. од Битола, директор  во РЕК Битола, 44-годишниот З.М. од Битола, раководител во Подружница РЕК Битола и против 63-годишниот С.А.  од Битола, раководител  во Подружница РЕК Битола. Осомничените ќе одговараат и за „соизвршителство“.

Кривичната пријава следи по претходна пријава на СВР битола и на ОЈО Битола. Со непоставување на нови филтри и со тоа што не направиле реконструкција на постоечките, осомничените дозволиле да се пропуштаат штетни честички количински повеќе од 50 милиграми наметар кубен.

„Исто така, пријавените физички лица дозволиле да севрши отпепелување на одлагалиштето, каде што често се создавале воздушни вртлози од пепел со земја. На тој начин предизвикале пораст на статистичкиот показател на загаденост на воздухот во град Битола, што претставува опасност по здравјето на луѓето“, велат од полицијата.