Search
вторник 21 август 2018
  • :
  • :

Езеро кај надвозникот кон Црниче, сообраќајот во прекин ФОТО

По силното невреме кое го зафати попладнево Скопје повторно се формира езеро кај надвозникот на улицата што водо кон населбата Црниче. Собраќајот е во прекин.

Скопје попладнево повторно е зафатено од силно невреме со пороен дожд, ветер и град.

Поплавени се сообраќајници, а дополнително ќе биде утврдено дали има материјална штета.

Од УХМР за МИА велат дека дува ветер со брзина од 65 километри на час. Неверемето засега е ограничено само на скопскиот регион.

Слично невреме во Скопје имаше и во саботата.

loading...