Search
сабота 17 ноември 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Фатени матуранти кои ограбувале маркети и краделе цигари

loading...

Фатени се петмина разбојници кои извршиле седум кражби во маркети низ Скопје. Тројца од нив се матуранти, еден е 17-годишник, а еден д 19-годишник.

Според полицијата при грабежите им се заканувале на вработените со безбол палка, а освен дневниот промет, често бегале и со неколку кутии цигари.

Првите две разбојништва за кои се сомничат, се случиле на 20-ти јануари. Околу 20.30 часот во продавница на ул. „Козле-1“ во Скопје со закана со безбол палка и нож од вработените го одзеле дневниот промет од околу 16.500 денари. Втората кражба ја направиле во маркет на ул. „Рузвелтова“ во Скопје каде со закана со безбол палка одзеле околу 30.000 денари и 30 кутии цигари.

„На 29.01.2018 година околу 21.55 часот во самопослуга на ул. „1“ во Ново Село, скопско, пријавените на идентичен начин од вработената го одзеле дневниот промет од околу 11.000 денари. Потоа, на 30.01.2018 година околу 20.45 часот во продавница во с.Радишани, скопско, со закана со безбол палка од вработената го одзеле дневниот промет од околу 26.000 денари. На 03.02.2018 година околу 19.30 часот во мини маркет во с.Визбегово, скопско, со закана со безбол палка и нож од вработената го одзеле дневниот промет од околу 30.000 денари и неколку кутии со цигари, а пет дена подоцна односно на 08.02. околу 20.30 часот извршиле разбоjништво во продавница на ул. „Борис Сарафов“ од каде што го одзеле дневниот промет во висина од 20.000 денари. На 10.02.2018 година околу 18.30 часот во продавница во Радишани, скопско, пријавените со закана со пиштол од вработената го одзеле дневниот промет од околу 20.000 денари“, појаснуваат од полицијата.

Претрес во нивните домови е извршен во неделата. Кај тројца, велат од МВР, биле пронајдени предмети од интерес на истрагата. Потоа, пријавените биле приведени и задржани во Полициската станица Карпош, каде што во службен разговор ги признале делата.

loading...