Search
вторник 18 декември 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Филипче: На доктор Кедев не му доликува да изнесува невистини

loading...

По вчерашното гостување во ноќно студио на Телма на поранешниот директор на скопската Клиника за кардиологија Сашко Кедев, каде што истакна дека во моментов пациентите не можат да се лекуваат безбедно на клиниката, се огласи министерството за здравство.
„Министерството за здравство категорично ги демантира тврдењата на д-р Сашко Кедев. Министерството смета дека на д-р Кедев не му доликува во јавноста да изнесува невистини за работата на Клиниката за Кардиологија, на која и тој самиот до неодамна беше директор. Потенцираме дека на Клиниката за кардиологија работат истакнати професионалци од оваа област. Во исто време, тие  постојано се доедуцираат во врвни странски и домашни институции. Како Министерство за здравство, ја гарантираме безбедноста на пациентите во процесот на лекување и третман на сите нивоа на здравствени услуги – се наведува во соопштението од ресорното министерство.
Од таму додаваат дека во во изминативе неколку месеци не се направени кадровски промени на клиниката, освен на позицијата шеф на ангио салата.
„Имено, на оваа функција д-р Жан Зимбаков го замени д-р Сашко Кедев, и сега раководител на ангио – салата е друг искусен интервентен кардиолог. Сметаме дека вчерашните тврдења на поранешниот директор на Клиниката за кардиологија, д-р Сашко Кедев, кои апсолутно се невистинити, се директен удар врз целокупниот здравствен систем од кој, и тој самиот е дел. Нема да дозволиме неоснованите и невистинити забелешки да не одвратат од нашата фокусираност кон вистинските реформски процеси – се наведува понатаму во соопштението на МЗ.

Сашко Кедев: Кардиологија во моментот не може да гарантира безбедно лекување на пациентите

Кардиологот Сашко Кедев, поранешен директор на скопската Клиника за кардиологија во вчерашното гостување во ноќно студио на Телма телевизија истакна дека е деградиран во својата работна позиција на клиниката, со која претходно управувал.

„Сега сум вратен на позиција како пред 20-25 години. Сега сум обичен кардиолог специјалист. Има нов директор, нов раководител, кои не се меѓу првите 5 интервентни кардиолози. Тоа Филипче го знае, но ништо не презема. Ќе биде тешко во иднина да објасни дека потпаднал под политички притисоци за назнаување на кадри“.

Екс директорот додаде дека министерот Филипче треба да образложи дека добивал притисоци од врвот на Владата. „Си ја зема одговорноста на себе, а многу брзо ќе се врати во фелата“.

Слушаме за нов Клинички за огромни суми. Овие суми, овие макети кои ги гледаме не се суштината, не е суштината во циглите и макетите. Најважна е компететноста, стручноста на раководните лица. Сега назначени на позиции се маргинални луѓе, административци. Клиниката за Кардиологија не е во состојба да гарантира безбедно лекување на пациентите – додаде Кедев.

loading...