Search
вторник 24 април 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Граѓаните на Ѓорче Петров денеска на нови протести

Loading...

Жителите на Ѓорче Петров за денеска во 18 часот најавија нови протести поради вчерашниот инцидент во кој автомобил удри десетгодишно дете. Според информациите, момчето имало внатрешно крвавење, напукнат череп и исчанчување на едното рамо.

Очевидци за „Макфакс“ изјавија дека во возилото имало маж и жена, кои веднаш по ударот, момчето го однеле на Ургентниот центар.

Непосредно по несреќата, стотина граѓани излегоа на протести пред Основното училиште „Мирче Ацев“. Тие велат дека повеќепати барале да бидат поставени светлосна сигнализација и легнати полицајци, но наишле на отпор од надлежните. Жителите се заканија дека ако се случи уште еден ваков инцидент, ќе го запалат цело Ѓорче.

Очевидци за „Макфакс“ рекоа дека момчето ја минувало улицата на пешачки премин, а возилото се движело во споритвна насока за да ги избегне дупките на патот.