Search
среда 17 октомври 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Груевски од свадба во судница (ФОТО)

Поранешниот премиер Никола Груевски, од свадбена веселба замина утрово во судница. Како што објавија дел од медиумите, за време на викендот, тој бил еден од гостите на свадбената веселба на синот на пратеничката Лилјана Затуровска.

Според информациите, настанот бил во хотел во Струга, а соијалните мрежи се преполни со фотографии и снимки од веселбата.

Освен фотографиите на кои Груевски насмеано позира покрај своите пријатели, има и такви на кои се гледа  како игра оро.

На социјалните мрежи има бројни коментари, со оглед на тоа што денес беше предвидено да следат завршните зборови за случајот Тенк на СЈО, во кој се обвинети Никола Груевски, поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Не изостануваат и коментарите од типот како Груевски може безгрижно да игра оро, во очи на судската пресуда.

 

loading...