Search
сабота 17 ноември 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Игор ја бара девојката што ја испрскал за да и купи нова јакна, му се јавиле само Марјана и уште некоја спонзоруша

loading...

Фотографија на Igor Tashkovski.

Вест за неверување – во скопскиот сообраќаен хорор се појави херој! И тоа од оние кои завршуваат на Ѕидот на сообраќајниот срам како најголеми сељаци. Момче од Скопје побрза самото да се шлапне на Ѕидот на срамот пред да го стори тоа девојката со белата јакна.

Извесен Игор од Скопје собра храброст и покажа доблест јавно да ѝ се извини на девојката со белата јакна, која ја испрскал кај Сити мол. Нема да навлегуваме во причините зошто се случило тоа, за дупката, водата и условите на патот, ќе се задржиме на гестот како искра на надеж дека во Скопје сепак се буди заспаната градска култура.

Со овој текст сакаме да му помогнеме на Игор да ја најде девојката со белата јакна, а исто така и да покажеме дека не боли да се биде човек, а не сељак.

Браво, Игор 🙂

loading...