Search
петок 19 октомври 2018
  • :
  • :

Иванов го прекинал и го напуштил состанокот со Заев и Димитров со предавници нејќел да разговара

– Информираме дека средбата траеше две минути. Во текот на денешниот ден претседателот Иванов ќе има обраќање до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, информираат од Кабинетот на Претседателот.

Неофицијално, средбата била во непријатна атмосфера и претседателот Иванов им ја покажал вратата на Заев и Димитров, посочувајќи дека не споделуваат заеднички гледишта со луѓе кои сакаат да ја избришат Република Македонија.

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска на претседателот Ѓорге Иванов му го доставиле доставија договорот за решение на спорот за името.

Заев и Димитров, како што соопшти Владата, имале конструктивен обид за презентација и за дискусија на содржината од договорот, но Иванов го прекинал и го напуштил состанокот и одбил да разговара за придобивките од овој историски договор за македонската иднина.

„Владата на Република Македонија ги повикува сите политички фактори да се обединат околу националните приоритети и да дадат поддршка за просперитетот на граѓаните и за влез на Македонија во НАТО и ЕУ. Граѓаните конечно добија шанса да испишат ново поглавје во историјата на нашата земја и никој нема право да ги спречува да ја донесат вистинската одлука за македонската иднина“, се вели во соопштението.

loading...