Search
вторник 21 август 2018
  • :
  • :

ЈА ПРОСЛАВИ МАКЕДОНИЈА И СТРУМИЦА ПО ЛОШО: Ова дете од Струмица со години успешно го лажело цел свет

НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА – ЈА ПРОСЛАВИ МАКЕДОНИЈА И СТРУМИЦА ПО ЛОШО: Ова дете од Струмица со години успешно го лажело цел свет дека е успешен млад тенисер кој освојува светски турнири откако се разбудил од кома, сите му поверувале вклучително брендови како Адидас и Вилсон, светски телевизии, новинари, спортски легендиа

Она кога сакаш да бидеш Горан Пандев по секоја цена а немаш спортски талент, но имаш талент за лажење и манипулација, погледнете ја оваа неверојатна приказна!

Дечкото се вика Дарко Грнчаров и е од Струмица. Уште како тинејџер, некаде во 2014-та доаѓа на идеја да ги лаже сите дека е успешен тенисер кој освојува светски тениски турнири, првата измама ја направил на локалната телевизија во Стумица, ова е интервјуто:

Потоа со години ги лажел прво македонските новинари за негови успешни настапи на турнири во цел свет, за потоа да нарави самиот над 200, со зборови ДВЕСТА твитер акаунти од кои пола биле наводни негови фанови а пола биле негови наводни хејтери, и со години и години постирале за него статуси за сето тоа да кулминира со негово станување спортска легенда на твитер, иако никој не го видел да игра тенис?!?!

Толку бил опасен измамник, што правел лажни видеа на кои други млади тенисери играат а тој тврдел дека е тој, самиот се канел на турнири за потоа во последен момент да се откаже наводно поради болест, добил понуди за спонзорски договори од гигантите Адидас и Вилсон, стории за него правеле ББЦ и останати светски медиуми.

За на крај новинар на Слејт од САД да ја открие целата измама.

 

loading...