Search
понеделник 16 јули 2018
  • :
  • :

Како станав наркоман: Потекнувам од богато семејство, се ми беше дозволено, а потоа…

Наркоманијата е зависна болест која не препознава раси, пол, економската состојба, возраст, националност. Ова е една приказна раскажана од една девојка од Скопје.

Родена сум во богато семејство. Имавме се, бев балерина. Бев една од најубавите девојчиња во училиште, бев во центарот на вниманието тоа чувство е неприкосновено. По протокол повеќе ме привлекуваа постари момци. И одеднаш се најдов во друштво во кое само јас бев малолетна.

На почетокот ме чуваа како капка вода на дланка. Секој ден се дружевме пиевме пиво, јас сакав повеќе вино. Тие се дружеа со мене затоа што бев од богато семејство. Татко ми ми забрануваше да се дружам со нив. Пробав марихуана на шестнаесет години и во прв момент не ми беше ништо не ми делуваше, сите се смееа, а ја ништо не осетив. Па земав повеќе за да ја почувствувам, да видам како е, и првиот пат кога се “напушив” вистински, ја изгубив и мојата невиност.

Потоа почнав да испробувам различни видови на дрога. Екстази, спид земав често, не земав само кога неможев да извлечам повеќе пари од дома. Неколку познаници од групата земаа некаков жолт прав. Мене ме тргаа на страна кога тоа се случуваше, а кога ќе се вратев тие веќе беа во транс. Тоа се повторуваше неколкупати.

Со оглед на тоа дека почина татко ми на мои 17 години, се осетив несреќна и украдов едно такво кесенце со жолтиот прав. Земав и набрзо повратив, најверојатно земав премногу, главата ме печеше, а носот не го ни чувствував. Паднав во несвест и ме најдоа после неколку часа. Еден од нив ме претепа и ми ги зема сите пари кои ги имав. Ми рече дека никогаш не треба да крадеме.

Неколку дена подоцна мојот мозок повтроно сакаше да го проба тоа што првиот пат не успеа. Се приближив и поварав една линија, вовлеков со носот и одеднаш се осетив неверојатно. Ништо за мене не постоеше и не беше важно. Седев сама, пушев цигари додека ми паѓаше главата и се чувствував најубаво на светот. После неколку часа ме разбуди студ и тресење на телото. Ги извадив сите пари кои ги имав и земав поголема количина да имам со мене.

Се криев од бившото момче затоа што тој за разлика од другите не го конзумираше ова, а кога дозна што се случува ми зборуваше да не го правам тоа, но јас престанав да му се јавувам. Од тогаш се немаме слушнато. Јас станав наркоманка. Ве интересира како се откажав? Никако! Еднаш наркоман, засекогаш наркоман! Изгледав како ѓубре.

Со текот на времето успеав да ја доведам својата зависност во некоја нормала. Запишав факултет, почнав да работам. Сега имам триесет и две години, имам дечко, немам деца, а најверојатно и тешко дека ќе можам да ги имам, но и понатаму сум зависник кој некако успеа да ја исконтролира својата зависонст. Никој тоа не го знае но јас успеав да го победам порокот.

Дали сум среќна поради тоа? Не сум ! Но не сум подготвена да се откажам од своето минато така лесно. Можеби еден ден ќе се случи целосно да се откажам, но до тогаш ќе уживам. А вие кои имате можност да бирате, изберте живот, затоа што ова што мене ми се случува не би го препорачала никому.

loading...