Search
вторник 21 август 2018
  • :
  • :

Каков возен парк поседуваат скопските градоначалници

Кисела Вода: Темелковски оди пеш на работа, а по потреба се вози со „опел инсигнија“

За потребите на градоначалникот Филип Темелковски, Општина Кисела Вода располага со возило од „опел инсигнија“ купено и произведено во 2011 година. Тоа е со кубикажа на моторот од 1.956 и со 96 коњски сили. Бојата на возилото е металик црна. Градоначалникот Темелковски на своето работно место доаѓа пеш, односно возилото го користи само за службени потреби.Дознаваме дека тој наскоро планирал да купи BMW( само незнаеме зошто таква изгуботиња сака да се курчи со BMW).

Image result for bmw 2018

Чаир: Градоначалникот Ганиу наследи „нисан леаф“, чини 34.500 евра

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, како службено возило користи патнички автомобил на електричен погон, модел „нисан леаф“. Возилото е купено по спроведување на законската постапка за јавна набавка во 2016 година во износ од 7.199.000,00 денари без ДДВ или 8.494.820,00 денари со ДДВ, во бела боја со моќност на мотор од 80 kW и моќност на батерија од 24 kW. Исто така, освен возилото на градоначалникот, набавени се и 3 други автомобили од ист модел за потребите на секторите во Општина Чаир. Градоначалникот на општина Чаир не планира да го смени актуелното службено возило бидејќи овој вид возила се целосно еколошки и не емитуваат CO2. Градоначалникот на општина Чаир има свој службен возач. Вредноста од 7.199.000,00 денари без ДДВ или 8.494.820,00 денари со ДДВ е вкупната вредност за сите 4 набавени автомобили на електричен погон по спроведената постапка за јавна набавка. Цената на едно возило изнесува 1.799.750 денари без ДДВ или 2.123.705 денари со вклучен ДДВ.

Бутел: Смилевски сам се вози во позајмен „ситроен 3“

Градоначалникот на општина Бутел нема свое службено возило. Во моментот се вози во „ситроен 3“ од 2000 година, кое е во сопственост на Град Скопје.
Градоначалникот Велимир Смилевски сам се вози. Општина Бутел имаше свое службено возило, но поради дефект во инсталацијата – изгоре.

Ѓорче Петров: Градоначалникот Наумоски се вози во „ауди А4“, чини 32.000 евра

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, се вози во возило „ауди А4“, кое е затекнато од претходниот градоначалник. Возилото е купено во 2005 година по цена од 32.000 евра. Кубикажата на автомобилот е 1.781. Наумоски има свој возач и засега во план е да го користи истото возило, односно „аудито“.

Аеродром: Златко Марин се вози со „бмв 320 Д“, подарок од претходната влада

Моделот на службеното возило со кое се вози градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, е „бмв 320 Д“. Возилото е донација од Владата на Република Македонија со одлука број 51-1131/1, објавена во „Службен весник“ 36/11, за кое е склучен договор за давање на трајно користење на движна ствар со Министерството за локална самоуправа и Општина Аеродром на 20.4.2011 година. Година на производство на возилото е 2001 година, со работна зафатнина 1.951 цм3.
Општина Аеродром не планира нова набавка на возило за службени потреби.

Центар: Богдановиќ нема службено возило, а по потреба се вози со „шевролет спарк“

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, нема службено возило. За службени потреби користи едно од возилата на возниот парк на Општината, и тоа „шевролет спарк“ и „форд фокус“. „Форд фокус“, во сива боја, од 2005 година, со 1.388 кубикажа.
„Шевролет спарк“, во црвена боја, од 2011, 995 кубикажа. Градоначалникот не планира да купи возило само за свои потреби.

Карпош: Богоев го продава џипот, а се вози со „шевролет круз“

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, на работа доаѓа со сопствено возило. За службени потреби се вози со „шевролет круз“ и има сопствен возач. Оваа Општина, како што веќе спомнавме, го продава службеното возило „ауди Љ7“ со кое се возеше претходниот градоначалник.

Општините Гази Баба, Сарај и Шуто Оризари, иако неколкупати им се јавивме, решија да не даваат информации какви службени возила на располагање имаат градоначалниците од овие општини. Фотографиите на автомобилите на општините Чаир, Ѓорче Петров и Бутел се автентични на оние што се користат, а другите се модели преземени од интернет.

Извор/Вечер

loading...