Search
среда 20 јуни 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Кашикара фрлена во куќа во Ѓорче Петров, повредени нема, оштетени се само возилата

Во куќа во скопската населба Ѓорче Петров синоќа по полноќ била фрлена кашикара, информираа од МВР.

Според полицијата, на 11.03.2018 година околу 00.40 часот во Скопје, во двор од куќа во населба Ѓорче Петров, сопственост на Д.С.(43) непознато лице фрлило експлозивна направа (најверојатно кашикара). Повредени лица нема, а од експлозијата е предизвикано оштетување на куќата и на две патнички моторно возила „Мерцедес“ и „Шкода Фабија“ кои биле паркирани во дворот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.

FOKUS

loading...