Search
среда 20 јуни 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Колумбискиот случај

Колумбискиот случај

Gavrilo A. Miloshevski

Фотографија на Gavrilo A. Miloshevski.

Пријатели не го преувеличувајте и цитирајте Пабло Ескобар, бидејќи тој е една обична протува (битанга) чија империја и заработка се темелеше врз производство и трговија со дрога и уништување на многу недолжни животи, за сметка на неагилноста на Колумбиската држава.

Со други зборови – тој беше играч за таа дејност слично како и Омар Торихос, на чие место по трагичната неразјаснета авионска несреќа застана Мануел Нориега.

Имајте на ум дека после ликвидацијата на Ескобар некој друг ја превзеде неговата улога, слично како и во Панамскиот случај.

Со цел да нема трага за ваквите операции, а притоа знаејќи за психолошкиот профил на Мануел непосредно пред тој јавно да проговори, бил наведен да изврши прекршување на еден меѓународен (билатерален) договор кој послужил како повод за американска инвазија и негово апсење.

Поради непочитување на правилата од играта сеуште гние по затворите за разни дејанија кои му беа препишани, но за разлика од другите најмени малоумни играчи барем беше жив долги години.

Слична судбина доживеа и Либерискиот Претседател Чарлс Тејлор, но за друга тејност – трговија со дијаманти од Либерија и Сиера Леоне без амин од некого, и за таа цел беше осуден од специјалниот суд за воени злосторства под поткровителство од Обединетите нации на 50 години затворска казна (робија).

Така тој стана прв поранешен шеф на држава кој бил осуден за вакви дела пред меѓународен трибунал, по судењето на нацистите во Нирнберг по Втората Светска војна, додека сите негови соработници (во злосторствата) беа ослободени од вина …

loading...