Search
вторник 21 август 2018
  • :
  • :

Комитите и Чкембарите на протест против договорот со Грција

komiti1

Навивачката група „Комити“ повикува денеска од 20 часот на протест пред Собрание за, како што велат, одбрана на Македонија.

„Почитувани граѓани на Република Македонија, во овие тешки моменти за нашата татковина Македонија, која е жестоко нападната од внатрешни квинслизни и странски агресори, кои со сила и геноцидни методи сакаат да ни го сменат; идентитетот, нацијата, јазикот, историјата… Ве, повикуваме да ги оставите: вашите клубски обележја, партиските книшки, меѓусебните проблеми, заборавете на разликите помеѓу Вас. Ве повикува вашата Македонија да ја одбраните. Соберете ги вашите родители, браќа, сестри, роднини, пријатели. Дојдете денес пред Собранието на Република Македонија – да покажеме дека идеалот за слобода се уште живее во нашите срца“, вели во нивниот повик.

На протести повика и навивачката група на „Пелистер“, „Чкембари“. Нивниот протест ќе се одржи во 19 часот на плоштадот „Магнолија“ во Битола.

Повикот велат од таму е надпартиски, а единствен интерес е Македонија.

„Вечер цела Битола сите кои ве боли името Македонија, нема партија само МАКЕДОНИЈА“, порачуваат Чкембари.

loading...