Search
среда 19 септември 2018
  • :
  • :

Лупевска: Сторија од емисијата КОД ми беше цензурирана !

Почитувани пријатели, животот е исполнет со подеми и падови, позитивни и негативни ситуации но сметам дека најбитно е да не ја губиме вербата и секогаш да помогнеме таму каде што можеме и колку што можеме. Уште од мојот прв работен ден пред 25 години, до ден денес, мојата цел е преку мојата работа како истражувачки новинар да им помагам на луѓето но и да предизвикам позитивни промени и корекции во нашето општество. Емисијата КОД постои од 2007ма година и во овие 11 години имав притисоци од разни центри на моќ: политички, бизнис , подземје…но јас никогаш не потклекнав.

Оваа наша решителност и одлучност секогаш да бидеме на страната на вистината ни донесе многу награди и признанија а особено ни е драга и последната од ЗНМ за настаните од 27 Април во Собранието.. Вечерва се соочив со уште еден притисок кога бев информирана дека новата епизода на КОД нема да биде објавена во целост. Во емисијата ги прикажуваме трагичните судбини на двајца работници. Едниот од нив умрел во фабричката хала кога го згмечиле котури а другиот останал без двете раце при повреда на машината на која работел. И двата случаји тапкаат низ судските лавиринти со години. Александар е мртов а Христијан е без рака но се надева на вештачка за која во моментов нема финансиски средства. Почитувани пријатели, од етички, морални, но пред се човечки причини, решив, и покрај можните последици за мојата кариера и работа во телевизијата, на мојата ФБ страница да ја објавам целосната емисија, со првиот прилог, така како што беше направена и таква каква што требаше да ја погледнете. Јас останувам на страна на вистината и искрено се надевам и верувам дека оваа емисија ќе допре до сите вас и заеднички ќе им помогнеме на семејството на Александар, на Христијан .

Снежана Лупевска Созен

loading...