Search
понеделник 20 август 2018
  • :
  • :

Мајката на Надица раскажа за трагедијата: “Погледнав низ тераса и ја видов како лежи крвава”

Огромна трагедија се случи во Србија кога 41-годишната Надица Илиќ викендов се клизнала од прозорецот дома додека местела завеси, паднала и починала од четврти спрат, во станот каде живеела со мајка си.

Несреќната жена паднала на висина од 10 метри и на место останала мртва.

Мајката раскажува за неа и за трагедијата:

– Си замина моето злато, мојата вредна ќерка. Не е точно дека сакала да се убие, немаше причина за тоа. Ја родив во шести месец со килограм и нешто и од тогаш се борам со сите сили за неа, а сега се случи ова…вели мјаката во солзи.

Надица рекла дка во недела бидејќи не била на работа, ќе го среди станот, па се качила да стави завеси и загубила контрола.

– Не слушнав ништо, во еден момент и јас тргнав кон терасата и сфатив што се случило, таа лежеше долу крвава, вели очајната мајка.

Гарантира дека ќерка и не скокнала намерно.

loading...