Search
сабота 17 ноември 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Македонски планинари пронајдени мртви на Кајмакчалан

loading...

Двајца македонски планинари доцна синоќа биле пронајдени починати на Кајмакчалан. Како што пренесуваат грчките медиуми, станува збот за момче и за девојка на возраст од 26 и 35 години од Македонија. Тие биле пронајдени мртви околу 23 часот и 30 минути на грчката страна на планината.

 

На местото каде биле пронајдени имало спасувачки екипи и пожарникари, но теренот е недостапен. Денеска пожарникарите ќе се обидат да ги извлечат двајцата Македонци.

Временските услови на Кајмакчалан продолжуваат да бидат многу опасни. На планината и понатаму врне снег, а најавени се и бури.

Наското се очекува официјално соопштение од македонското МТВ.

loading...