Search
вторник 18 декември 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Мал англиски остров бара работници: Плати и до 32.000 евра, еве како да се пријавите

loading...

Малиот остров St. Michael’s Mount во Корнвол, Англија, бара работници. Позицијата менаџер е идеална за оние кои сакаат работа во мал колектив, море и живот на остров, а исто така се бараат и работници за одржување на некои делови од островот. (Фото: Chensiyuan/Wikipedia)

Оние кои ќе имаат среќа, ќе се грижат за посетителите, но менаџерот посебно ќе биде одговорен и за сите останати вработени. Во огласот објавен на нивната официјална страница наведени се детални услови, како и платата.

Се очекува кандидатите да бдиат практични, позитивни и фокусирани на решенија, подготвени да работат под притисок.

Иако на прв поглед делуваат како работи од соништата, има многу обврски. Само минатата година островот, кој има само 30 жители, го посетиле 350.000 луѓе.

Годишната плата би изнесувала помеѓу 26.500 и 32.000 евра.

Огласот брзо стана вирален. Последниот рок за аплицирање е 17-ти април.

loading...