Search
вторник 21 август 2018
  • :
  • :

Милчин: Заев, врати се дома! Ни Господ, ни поповите нема да ти помогнат

Ни Господ, ни поповите нема да помогнат во разрешувањето на натрупаните проблеми, наведува Милчин во својот пост на Фејсбук.

Врати се дома, Заев. Те чека многу работа која не е помалку непријатна од преговорите за името. Ни Господ, ни поповите нема да помогнат во разрешувањето на натрупаните проблеми, ни во забрзувањето и усогласувањето на владината машина која свири како раштиман оркестар и предизвикува револт. Спушти се на земја пред да биде доцна и препушти му ја на Димитров одговорноста за надворешната политика.

Микроменаџирањето не е инструмент за премиер, како што тактиката не е инструмент за генералите. На генералите им прилега стратегијата. Време е да го преиспиташ функционирањето на функционерите во својата влада и партија. И не сметај на нивната совест и самокритичност. Побарај одговорност за грешките и побарај оставки. Ако тоа не е доволно, разреши ги. Не сите кои се крстат се верници и деца Божји. И потсети го Ахмети дека Македонија не е двоглава монархија каква што беше Австро-Унгарија!

 

(пост на Владимир Милчин на Фејсбук)

loading...