Search
петок 19 октомври 2018
  • :
  • :

НАРОД СО ВАКВИ НАРОДНИ ИЗБРАНИЦИ ТРЕБА ДА Е МНОГУ ЗАГРИЖЕН ЗА СВОЈАТА ИДНИНА!

За Заев и пратениците од СДСМ не вреди да пишуваме, бидејќи голем дел од народот се навикна на нивните лажни ветувања и тргување со македонските национални интереси. Но, во овој момент дури повеќе од вредно е ПРАШАЊЕТО и ПРОГНОЗАТА  што ќе прават пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за да го спречат понижувачкото прекрстување на Македонија?  Бидејќи свесни сме  а тие многу добро го знаат дека токму овој народ што денес се плаши за својата иднина ги гласал, со верба дека ќе ги штитат интересите на државата.

Но според досегашното искуство нажалост нема голем простор за оптимизам. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ генерално е група на поединци без силен личен интегритет. Дали  има едвај едно 4-5 пратеници кои имаат свој став и го кажуваат тоа што го мислат, па дури и тоа да е спротивно на партиската позиција, како што се Илија Димовски, Трајко Вељаноски, Антонио Милошоски, Драган Данев и Никола Попоски. Но, сепак иако се храбри и имаат интегритет и искуство, нивното ЕГО  им пречи да бидат обединети и ефикасни.

Кога би правле графицки приказ, останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ би ги прикажале како

1, пасивни набљудувачи со статус,

2, пасивни набљудувачи без статус

3, пратеници без никаков став

Даниела Рангелова, претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Како пасивни набљудувачи со статус би ги навеле Емил Димитриев, Даниела Рангелова, Влатко Ѓорчев и уште 5-6 слични на нив, кои имале или имаат статус (Димитриев бил технички Премиер, Рангелова е претседател на Унија на жени, Ѓорчев е меѓународен секретар) и врз основа на таа позиција се сигурни дека и да не направат ништо против смената на името, пак партијата ќе ги предложи за кандидати за пратеници кои ќе бидат избрани и ќе ги уживаат привилегиите во Собранието. Што би рекол народот, јал, не јал, три и пол.

Пасивни набљудувачи без статус меѓу пратениците се оние како Лилјана Затуроска, Ане Лашкоска, Благица Ласоска, Зоран Илијоски, Весна Пемова и многу други, кои имаат свој став, но истиот никогаш не би го изнеле доколку е спротивен на позицијата на партијата, па макар да се работи и за уставното име на Република Македонија. Оваа група на пратеници има само една цел, да биде сервилна кон претседателот Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, за утре пак да бидат пратеници. Личниот интерес им е пред националните интереси.

И на крајот групата пратеници кои не ни имаат свој став. Тие се најмногубројни. Ќе си ги препознаете сами. Наместо заклучок би можело да се каже, народ со вакви народни избраници треба да е многу загрижен за својата иднина.

ЛИНК ДО ОРИГИНАЛОТ

loading...