Search
сабота 17 ноември 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Навивачките од Северна Кореја ќе одат в затвор ако нешто згрешат (видео)

loading...

Присуството на официјалниот тим на навивачки на Северна Кореја не може да помине незабележано на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја.
Младите навивачки гледаа како швајцарскиот тим на хокеј на мраз го уништува со 8:0 обединетиот тим на Јужна и Северна Кореја, но тоа не беше пречка тие да продолжат со строго дефинираната кореографија и да пеат и поздравуваат, пишува „Бизнис инсајдер“.

Тие не наликуваат на навивачките од другите спортови. Нивните песни и потези се бизарни во споредба со што било друго што може да се чуе и види од навивачки толпи на спортски настани. Може да завршат во затвор ако нешто погрешат, бележи уште „Бизнис инсајдер“, додавајќи дека такво нешто мора да се види и да се чуе за човек да поверува.

Песна и дисциплина
Навивачката екипа пристигнала во Јужна Кореја во средата, а сите девојки биле облечени во црвено-црни капути и носеле црни шубари. Дури носеле и исти патнички торби и се движеле координирано.

Девојките привлекле огромно внимание пеејќи, нишајки се и ракоплескајќи на натпреварот во хокеј. Сите биле облечени во црвени тренерки и се движеле како да е тоа еден лик пред огледало. Навивачките го поздравиле со песна дури и чистачот на мраз на хокеарксиот терен.

На некои натпревари вадат маски што најверојатно се носеле во една од најпопуларните севернокорејски песни. Не се знае чиј лик претставуваат маските, но се шпекулира дека тоа можеби е Ким Ил-Сунг на млади години, „вечниот претседател“ на Северна Кореја.

Армија убавици
Наводно, членките на навивачкиот тим од Пјонгјан биле избирани според нивната убавина и чувството за патриотизам. Ако за некого постои сомнеж дека не е лојален на државата или доколку неговите родители биле дезертери, е исфрлен.
Кога не се на задача да навиваат, девојките престојувале на голем ферибот, за да не можеле да „почуствуваат многу од јужнокорејскиот живот“ или да избегаат.

Во навивачкиот тим има околу 230 девојки. Од Северна Кореја пак на олимпијадата се натпреваруваат 22 спортисти.

Една од можните причини што тие така немилосрдно навиваат и следат правила е што во 2006 година, 21 член од нивниот навивачки тим наводно биле однесени во затворски камп затоа што раскажувале што виделе во Јужна Кореја при одржување на универзитетски турнир.

Ова не е првпат Северна Кореја да испрати навивачки на меѓународни натпревари, но е првпат тие да се појават на една олимпијада.

– Нивното навивање е речиси роботско, па не се чувствувам пријатно – изјавил јужнокорејски гледач на возраст од 60 години.

И млади негодувале за севернокорејските навивачки, но тие во политички контекст. Северна Кореја, рекол 34-годишен Јужнокореец, предизвика тензии на полуостровот со нивните нуклеарни програми и не сакам да навивам со нив.

loading...