Search
вторник 18 декември 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Немојте таа пропаганда пред мене, рече Борисов на прашањето дали е тешко да се извини за депортацијата на Евреите да не ве депортирам

loading...

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, изрази жалење и осуда за холокаустот на вчерашната церемонија во Скопје по повод 75 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка. Сепак, на новинарско прашање дали е тешко да се даде извинување од страна на Бугарија за ваков настан, Борисов прашањето го оцени како пропаганда која треба да се адресира на друго место.

-Јас само можам да кажам дека се поклонувам пред бугарскиот народ кој се спротиставил на таа машина и спасиле 48 илјади. А таа пропаганда – другата немојте пред мене – изјави Борисов.

Фото: МИА

loading...