Search
недела 27 мај 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Она кога криминалецот Чифлиганец се прави поштен а ние као му веруваме иако знаеме што перач на пари е

Loading...

Чифлиганец го зголеми уделот во сопственичката структура на Комерцијална банка

„Адора Инженеринг“ со оваа трансакција  го надмина прагот од 5 отсто од вкупно издадените акции на Комерцијална банка и моментално има 7,19 отсто во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.

ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ: Акциите во Комерцијална Банка се купени со наши средства кои ги стекнавме во текот на 16 години успешна работа како градежна компанија која изгради и продаде над 3000 станови и 1000 дуќани, во нашите станови живее еден мини град од околу 10 000 луѓе, задоволни купувачи на Адора Инженеринг!!!

ИЗЈАВА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ – ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕТО ВО АКЦИИ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

„Одлуката за инвестирање во хартии од вредност, конкретно, во акции издадени од нашата реномирана  Комерцијална банка АД Скопје, во рамките на Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје, ја донесовме од деловни причини и со верба дека со тоа ќе го продлабочиме успешното работење на нашата компанија во иднина, но и успешното работење на Комерцијална банка, како еден од столбовите на банкарскиот систем во Македонија, со цел за подобар развој на банката, а со тоа и на нашата економија во целина.

Адора инженеринг како успешна градежна компанија веќе 16 години стопанисува на македонскиот пазар. Во овој период компанијата постигна деловни успеси и преку градежниот сектор-високата градба, ја поттикнуваше и вкупната економска активност во Република Македонија. Тоа нам, како менаџмент ни овозможи да размислуваме за нови деловни предизвици и потфати, да инвестираме и во други дејности, вклучувајќи го и финансиско-банкарскиот сектор, заради натамошен стабилен развој на компанијата. Од овие причини, инвестиравме во акции во КБ АД Скопје, што до овој момент резултира со учество од 7,38 % од основната главнина на банката.

Средствата за овие инвестиции се обезбедени исклучиво од сопствени извори, односно акциите се купени со сопствени средства и во моментов Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје, нема никакви кредитни обврски кон Комерцијална банка АД Скопје, ниту кон било која друга деловна банка.

Со Комерцијална банка развиваме сосема поинаков вид на односи што се во функција на обостран интерес и од интерес на сите клиенти на банката, но кредити од банката не користиме. Сопствените инвестиции во Адора инженеринг, исто така, во овој момент ги обезбедуваме од сопствени средства.

Како и секој акционер во секое акционерско друштво, очекуваме пристоен и стабилен поврат на инвестираните средства, но наша цел не е само остварување финансиска добивка од инвестираните средства, туку како дел од акционерската структура на банката, да дадеме и дополнителен придонес за нејзиниот иден развој, како и за добробит на сите деловни клиенти на банката. Се надеваме дека оваа наша мисија ќе биде успешна и во корист на сите.

Потсетуваме дека според нашите деловни планови и предвидувања, Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје ќе продолжи со идни инвестициски зафати во основната дејност-градежништво, како и во други дејности.

Сметам дека е логично, по 40 години успешна и плодна професионална кариера и по 30 години успешно менаџирање со многу знаење и труд, што влегувам во нови деловни предизвици во финансискиот сектор“, изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг, во врска со инвестирањето во купување акции во Комерцијална банка АД Скопје.

Пред една недела неговата компанија купи околу 50 000 акции во Комерцијална Банка, по цена од 60е, значи инвестираше 3 милиони евра во една од нашите најуспешни банки со што заедно со претходните купени акции, Адора сега има 7% од нејзините акции и е најголем поединечен акционер. Со оглед на тоа што Комерцијална Банка е проценета на 100 милиона евра на берзата, ова значи дека Ванчи Чифлиганец поседува околу 7 милиони евра капитал во банката.

Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми се предложени  за членови на  Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје соопштија од банката преку Македонска берза.

„Мандатот на членовите на Надзорниот одбор од член 1 на оваа одлука трае до истекот на мандатот на членовите на Надзорниот одбор именувани со Одлуките за именување членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје бр.02-1600-11/1 и бр.02-1600-12/1, донесени од Собранието на акционери на Банката, на седницата одржана на 23.03.2016 година, а на членовите на Надзорниот одбор им припаѓа надомест за учество и работа на седниците во висина од 21.000 денари“, пишува меѓудругото во одлуката.