Search
среда 20 јуни 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Отворено до Јован Стојансоки:До кога со стари навики од твојот претходник?

Новата локална самоуправа на Охрид, предводена од Градоначалникот Јован Стојаноски, освен тоа што е нова ,ништо друго и не направи да промени дел од старите навики кои се провлекуваа низ минатото.

Откако ги испрепишаа сите програми за работа од претходната локална самоуправа,кој се таложеја низ минатото ,да биде уште  уште полошо ништо не реализираа овие неколку месеци откако им е дадена довербата да го водат Охрид?!Старата навика да  продолжуваат да копираат стара пракса ,која ниту  тогаш , а богами ни денес нема да даде  ама баш никакви резултати. Најновата „copy paste“ активност на локалната самоуправа е огласот за финансиска поддршка на проекти од јавен (не)интерес.

Кога веќе решиле да го копираат во све исто од минатото огласот а финансиска поддршка на проекти од јавен (не)интерес и од минатите години подобро ќе беше да го именуваа во вид на „ Јавен оглас за финансиска поддршка на поединици“, но  притоа да се нагласи дека право на учество ќе имаат само оние лица кои години наназад користат средства, притоа до општина Охрид приложувајќи веќе завршени проекти од кои никој, а најмалку граѓаните на Охрид ќе имаат бенефит?!.

Стана пракса секоја година по објавувањето на огласот за финанасиска поддршка , да се калкулира со објавувањето на резултатите од истиот. Скандалот да биде поголем никаде не се објавува системот на бодирање , односно критериумите по кои проектите ќе се доделуваат, за да може транспарентно и отчетно  секој да види зошто некој добил ,  а некој не добил проект.

И тоа така се провлекува сите години наназад, а продолжува и сега со новата локалана самоуправа и Градоначалникот кој додека беше во опозиција секогаш жестоко го критикуваше ваквиот пристап. Врв на целата постапка е што побараните суми се кратат,онака како ќе и текне на комисијата и по налог на градоначалникот?!.

Се поставуваа отворено прашањето од типот ,каде во светот се видела и се води ваква пракса в? На сите огласи каде се доделуваат проекти се доделуваат онолку проекти колку што се предвидени средства за таа намена. Според Закон се прави евалуација на проектите побараните износи , и никој не смее ни да помисли да ги измени и истите се финансираат проектите во побараните износи. Но праксата во општина Охрид е поразлична од  сите светски трендови, но и за жал државни трендови!. Најнапред формираната комисија која за таа намена е формирана со одлука на градоначалникот на Општина Охрид, а тоа се лица од државната администрација вработена во превработената Општина Охрид,која за жал стегната од политичката врхушка на општинската власт ,нема никаков стручен аспект да донесува сама одлука за еалуација, туку истата чека како можеби некој поинаку политички ќе ги подели наменетите средства, на поединци , вероватно запазувајќи го не квалитетниот проект , туку можеби квалитетниот политички моментум на локалната власт?!

Во изминатиот период имавме таква политичка калакурница , каде и покрај рангираноста на оправдан или не оправдан поднесен проект, се  кратат суми без согласност од апликантот! и со тоа се доведува во прашање можноста за реална реализација на проектот, , но секако тоа нив воопшто не ги интересира!?. Со тоа релевантните организации кои аплицирале со издржани и опшествено корисни проекти се откажуваат од ваквите повици , поради неажурноста на комисиите кој чекале амин од градоначалникот или некој друг локален мокник , независно!

Ова се наликува на дебела фарса , каде некој можеби ќе го купи моменталниот мир ,дали личен , дали политички ,небитно, но секако Државните Службеници, кој се членови на формираната комисија ,би требало да ги знаат сите нивни одговорности во нивните одлуки ,или нивното не постапување , но и да знаат дека вршат Кривично дело по Член 353,Ст.1, Ст.2 а во врска со Ст.4 (Злоупотреба на службена положба и овластување),но секако дека истата Кривична пријава ќе ја добијат.Воедно го повикуваме Јавниот Обвинител да постапи по Допрен Глас ,нека направи увид како се делеле средствата за финансиска поддршка на проекти од јавен (не)интерес,и секако да преземе соодветни дејствија согласно Кривичниот Законик.

Кога се боревме за „Живот во Македонија“ , таа борба не беше борба за паразити, туку да ги промениме навиките на одредени структури и политички калакурници.Се боревме за еднаквост и правна држава ,а не  за тоа кој политички ќе му биде подолг …..!?

Комисијата во Општина Охрид ,не можела да одлучува , зошто немале слободна сала за да оддржи состанок и да изврши евалуација на проектите?! Добро, ако нема слободна сала во Општината, тогаш ,можат да си организираат „комисиски семинар“ во некое елитно хотелче,онака неколку дневно,моеби така подобро би донеле одлуки , релаксирано….

. За крај неколку отворени прашања до Градоначалникот Стојаноски:

  1. Која е причината поради која се откажавте од ветувањата за транспарентност и отчетност за кои ја добивте довербата од граѓаните на Охрид?
  2. Дали во Охрид некаде имате видено табла (која е обврска) доколку проектот е изграден со јавни средства на која пишува дека јавното добро е изградено со средства на општина Охрид? (Да не се мачите такви табли во Охрид не постојат што значи дека сите години парите на проектите од јавен интерес се делеле залудно). Таквата пракса ќе ја продолжувате и вие??).
  3. Сметате ли дека има  проект кој може да се реализира со сума од 200 до 300 евра, и зошто се земаат во предвид проекти ,каде едно лице , или една организација ,аплицирале со по 20 до 30 проекти,а само ги менувале имината на проектите додека содржината е иста?

Нашиот медиум и понатаму ќе ја следи состојбата по однос на доделувањето на овие спорни проекти и ќе ги чекаме резулатите кога и повторно ќе Ви кажеме дека финансирате стари проекти кои не носат никаков бенефит за општината , отсвем за нив лично?

Istoria est magostra Vita Г-дине Стојаноски.

 

Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни Потреби во медиумите СОС БАЛКАНМЕДИА -Охрид

Претседател- Сашо Денесовски

loading...