Search
понеделник 18 декември 2017
  • :
  • :
Најнови Вести

Паника во „Шпаркасе Банка“, граѓаните ги празнат сефовите изгледа оваа банка е готова

По објавата на МВР дека петмина граѓани пријавиле дека им недостасуваат пари и предмети кои ги  чувале во сефови на „Шпаркасе банка“, клиентите на оваа банка се во паника и проверуваат дали и нивните сефови се испразнети. Граѓани кои чекаат ред за проверка на својот сеф за НОВА ТВ велат дека се чека повеќе од два  часа , со оглед дека се создала гужва во банката која се наоѓа во центарот на Скопје.

Вознемирен граѓанин кој исто така е во редот вели дека клиентите се нервозни и вознемирени и сакаат да ги испразнат сефовите. Она од што стравуваат дополнително е дека откако ќе ги земат парите нема засилено обезбедување и не се сигурни како ќе ги однесат на безбедно. Никој од банката засега не им дава објаснување што се случува.

Клиентите се револтирани дека од „Шпракасе банка“ не ги информирале оти се води истрага и дека можно да недостасуваат пари и од други сефови.

„Како е можно банката до сега да не не информира, туку за овој случај да дознаваме од медиуми. Можеа да не повикаат дискретно еден по еден за да си ги провериме сефовите, а не да доаѓаме во паника и  самоиницијативно“, вели скопјанец кој се уште не знае дали и од неговиот сеф нешто недостасува.

Од „Шракасе банк“а за НОВА ТВ изјавија дека во текот на денот ќе излезат со соопштение за овој случај кој го обелодени МВР. Претседател на Управниот Одбор на оваа банка е Глигор Бишев.

МВР соопшти дека веднаш по добиената пријава од петмината граѓани, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.