Search
недела 27 мај 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Почна судењето за „Монструм“, Фетаи ги расплака роднините на убиените

Loading...

Во Кривичниот суд денеска почна рочиштето за случајот „Монструм“ односно петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година.

Судењето за „Монструм“ почнува од почеток бидејќи предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Во судницата се присутни обвинетите Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Фејзи Азири и Сами Љута, како и роднини на убиените деца. На рочиштето не се присутни прво и второобвинетиот Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се недостапни за судот.

„Монструм“

На почетокот на рочиштето обвинителката Фатиме Фетаи рече дека СЈО го презема овој предмет кога Врховнит суд ги укина пресудите на првостепениот и второстепениот суд и предметот е вратен на повторно судење.

Обвинителката Фетаи од судот побара на прво и второобвинетиот, да им се суди во отсуство, бидејќи се недостапни. Додека Фетаи го читаше ибвинението, дел од роднините на убиените плачеа во судницата.

Роднини „Монструм“

Откако обвинителката Фетаи го прочита обвинителниот акт поднесен од Обвинителството за организиран криминал и корупција, исказ пред судот дава третообвинетиот Агим Исмаиловиќ. Рече дека останува на изјавата што ја дал пред шест години – дека не го сторил делото за кое е обвинет и не се чувствува виновен.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.