Search
сабота 17 ноември 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Поделени 30.000 примероци СКОПЈАНИ САКААТ ДА ДРУГАРУВААТ СО „СКОПСКО ЕХО“

loading...

Фотографија на Skopsko Eho.

Поделени 30.000 примероци
СКОПЈАНИ САКААТ ДА ДРУГАРУВААТ СО „СКОПСКО ЕХО“
Синоќа и денеска вредните раце на нашите колпортери и дистрибутери го поделија целиот тираж на неделникот „Скопско Ехо“. Завршена е голема работа, особено ако се знае дека се разделени 30.000 весници. Што по поштенските сандачиња, што по фирми, пазари, на улица… читателската публика дојде и до 21-от број од бесплатниот неделник.
– Ова ни требаше. Весник кој пишува за реалните скопски проблеми, но и решенија за нив. Плус не замарате со политика. Добро што е бесплатен, а има што да се прочита, се најчестите коментари на скопјани кога го добиваат весникот на рака од колпортерите.
„Скопско Ехо“ другарува со граѓаните од 26 октомври минатата година. За овие неколку месеци тиражот се дуплира, а од редакцијата најавуваат дека нема да се застане ниту на споменатава бројка која во моментов е убедливо најголема меѓу печатените медиуми во Македонија.

Од денеска и во Skopje City Mall
Со цел „Скопско Ехо“ да биде присутно на сите ударни места каде се движат граѓаните, од денеска весникот се дели и во Skopje City Mall. Така ќе биде секој нареден четврток. Инаку, весникот може да го најдете и во обложувалници на Sport Life.

Фотографија на Skopsko Eho.

Фотографија на Skopsko Eho.

Најновиот 21-ви број на „Скопско ехо“ веќе се дели низ градот.
Ударна тема е:

Град со 150 православни и 120 муслимански објекти
ЖИВЕАТ ЛИ СКОПЈАНИ КАКО ПРАВИ ВЕРНИЦИ ИЛИ САМО ГРАДАТ МНОГУ ЦРКВИ И ЏАМИИ?

– Проблемот е што скоро никој не ги почитува ниту половина од 10-те Божји заповеди. Се лаже, се краде, се убива, за прељуби ич да не зборуваме, а на сосед дупка се копа, ни коментира постара жена на излез од црква во Аеродром
– Младите од моето семејство одат во џамија барем еднаш неделно, но колку живеат по верата право да ти кажам не можам да осетам. Дома се арни, а за надвор не знам, ни вели дедо Ахмет кој пазареше на Бит пазар

Илјадниците луѓе кои во сабота навечер ќе ја исчекуваат објавата на Воскресението на Исус Христос во Собирниот храм или во некоја од скопските цркви, веќе утредента, в недела, токму на празничната Велигденска литургија ќе ги нема никаде. Храмовите ќе бидат речиси полупразни. Тоа е контрадикторно однесување кое веќе со години го покажуваат граѓаните во градот и земјата во која дури 88 проценти од луѓето за себе изјавиле дека се религиозни. Со тој процент, Македонците (сосе скопјани де) посебно се најрелигиозни луѓе во регионот, повеќе отколку Србија – 72 проценти, Грција – 71 отсто, Бугарија – 56 проценти. Најголемиот дел од оние скопјани кои за себе велат дека се религиозни во некоја црква повторно ќе влезат за осум месеци за да го одбележат Божик, или можеби уште на некој друг поголем празник.
Една неодамнешна анкета покажа дека секоја недела во црква или џамија редовно одат само 12,2 отсто од верниците, односно, секој десети анкетиран. Наспроти нив, високи 34 отсто во црква или џамија одат само неколку пати годишно, а секој четврти граѓанин еднаш или двапати месечно.
– Верувам во Бога, но ретко одам во црква. Досега не сум постела, не сум се причестувала… Знам дека Црквата тоа го бара но јас некако немам време ниту силна волја за тоа. Имам некаков интимен однос со Бога, а некогаш ми пречи и луксузот кој го гледам кај некои од владиците кои се возат во скапи автомобили – ни рече скопјанката Тања Лаковска.
Инаку, на подрачјето на градот Скопје има околу 150 цркви и манастири и околу 120 џамии и секој ден гледаме дека се градат нови.
– Не се потребни толку цркви, потребно е луѓето да живеат во склад со верата. Проблемот е што скоро никој не ги почитува ниту половина од 10-те Божји заповеди. Се лаже, се краде, се убива, за прељуби ич да не зборуваме, а на сосед дупка се копа, ни прокоментира една постара жена на излез од црква во Аеродром.
Оние малку пореалните скопјани ни велат дека кон црквата приоаѓаат како кон адет и традиција, а не од духовност. Воедно признаваат и дека и не се трудат да живеат по верски принципи. Верски книги велат, не читаат.
– Во семејството треба да се научи дека постои Бог, кој е тој и сите други верски вистини. Најмногу од се треба да се види вера во практика, родителите сами да ја живеат и пракитикуваат, да одат заедно со своите деца на богослужбите – вели отец Бобан Митевски, од црквата „Свети Никола“ во скопската општина Аеродром.

За разлика од него, во Исламската верска заедница уверуваат дека нивните верници ја практикуваат верата.
– Доволно е да се погледне колку се полни џамиите во петок во 13 часот, па лесно ќе се верува во тоа дека муслиманските верници во голема мерка ја практикуваат својата вера – ни вели Фатмир Заими од ИВЗ.
Меѓутоа, анкетното истражување на ИПИС и на порталот „Религија.мк“ покажува парадокс со кој дури 28 проценти од испитаниците – муслимани одговориле дека воопшто не одат во џамија.
– Младите од моето семејство одат во џамија барем еднаш неделно, но колку живеат по верата право да ти кажам не можам да осетам. Дома се арни, а за надвор не знам, ни вели дедо Ахмет кој пазареше на Бит пазар.
Во едно се единствени и муслиманите и православните верници, дека свештените лица треба да се држат подалеку од политика, со што и самата вера нема да ја оптеретат со непотребни работи.
– Видете сега, имаме во последно време дури и националистички изјави на свештени лица и тоа од двете вери. Тоа не епрактикување на Божјото слово, како тогаш очекувате скопјани да бидат поразлични. Огромниот дел од нив само се декларираат за верници, ни истакна наш сограѓанин пред врквата Св. Димитрија.

Целиот текст може да го прочитате во неделникот „Скопско Ехо“.

Во дел од останатите теми во весникот има:
2. Интервју со академик Абдулменаф Беџети:
СКОПЈЕ ГО ПРЕТВОРИЈА ВО „УРБАНА ЏУНГЛА“ КАДЕ ДОМИНИРААТ ЛАВОВИТЕ

3. Секоја година гинат по пет – шест во Скопје:
НА МОТОРЏИИ ИМ СЕ ЧИНИ ДЕКА МОЖАТ ДА ЛЕТААТ, АМА ПАЃАЊЕТО Е ОПАСНО

ЧИТАЈТЕ „СКОПСКО ЕХО“ – БЕСПЛАТЕН НЕДЕЛНИК НА МАКЕДОНСКАТА МЕТРОПОЛА

Фотографија на Skopsko Eho.
loading...