Search
понеделник 18 декември 2017
  • :
  • :
Најнови Вести

Потресен статус на пријателка на убиената Мими: Ангеле мој, ниеден збор не може да ја искаже болката и тагата што не напушти

Од Мирослава Мими Стојаковиќ (46) која во неделата на пладне ја убил нејзиниот поранешен дечко, полицаец Милош Ј. во Земун се опростила нејзината блиска пријателка со зборовите: “Ангеле мој, ниеден збор не може да ги искаже болката и тагата што прерано не напушти.”

– Знам дека замина во рај. Болката, тагата и пред се пријателка како што си ти никогаш од срцето нема да ги избришам. Она нашето засекогаш, моја Мими. Почивај во мир и нека ти е лесна земјата. Мими моја, твојата насмевка секогаш ќе ја паметам во несебичната борба за опстанок на оваа земја – напишала нејзината пријателка во потресна објава по повод убиството на Мирослава.

Болката и тагата за загубата на пријателката никој не можел да ја сокрие кој ја познава, а како што навела другарка на убиената жена, Мирослава бил голем борец.

Коментари со шокирани лица се ределе еден зад друг, а секој од нив  се однесувал на добрината на Мими и нејзината голема борба за живот.

– Беше голем човек. Мајка и борец. Не можам да прифатам дека не напушти. Толку среќна беше пред неколку дена. Хумана душа беше и остана, но времето за жал не можеме да го вратиме – кажала нејзина пријателка.

Инаку на убиството и самоубиството претходела долгогодишна тортура која несреќната жена ја трпела од тогашното момче.

Како што рекле соседите – била многу добра жена, но нејзиното момче ја малтретирало.

– Беа години во врска, во последно време тој однос беше бурен. Тој и се закануваше, беа на суд поради пеколот кој го преживеаа. Често ни велеше “Ќе ме убие еден ден” и ете на крајот монструмот ја уби – рекле соседите.