Search
понеделник 20 август 2018
  • :
  • :

ПОЗНАТИ СЕ НОВИТЕ МИНИСТРИ, ГИ СООПШТИЈА ОД БЕСА И ДПА

Фотографија на Zoran Vitanov.

Движењето БЕСА ќе биде дел од парламентарното мнозинство и извршната власт, одлучи вечерва Централното собрание и Централното претседателство на партијата, која во Владата ќе раководи со Министерството за култура, а кандидатот за таа функција ќе го номинира дополнително, пренесе ТВ24.

Лидерот на Движењето БЕСА, Африм Гаши информира дека причини за таквата одлука се реформската агенда, процесот за решавање на спорот за името, отворањето на преговорите за интеграција во ЕУ и потребната кохезија за членство во НАТО.

Бардиљ Даути, како министер без ресор задолжен за странски инвестиции, и Митасин Бекири, како заменик министер за транспорт и врски, се предлозите што произлегоа од денешниот состанок на Централното собрание на ДПА во Тетово, информира по неговот завршување портпаролот на партијата Луан Треси.

Тој посочи дека претходно членовите на Централното собрание по дискусијата решиле да се прифати понудата од премиерот Зоран Заев и ДПА да стане од владејачката коалиција.

За останатите кадри со кои ДПА ќе партиципира во власта Треси најави дека имињата ќе се утврдуваат на состаноци на соодветни работни групи.

loading...