Search
сабота 17 ноември 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Прилепска „Витаминка“ за 7,3 милиони евра ќе го купи штипски „Брилијант“

loading...

За 7,3 милиони евра прилепската компанија „Витаминка” од Комерцијална банка ќе го купи долгот што штипската компанија „Брилијант” го има кон банката.

Според понудата, за тие 7,3 милиони евра „Витаминка“ ќе купи недвижен имот (4.956 квадратни метри), земјиште (21.592 квадратни метри), движни ствари и права за производство на маслото за јадење „Брилијант“.

Целиот овој имот бил гаранција за невратен кредит од „Комерцијална банка“.

За ова конечна одлука ќе се донесе на акционерско собрание на „Витаминка“ закажано за 14 март. Акционерите тогаш ќе одлучуваат за начинот на финансирање на предлогот за купување на имотот во Штип.

Предлогот на одборот на директори се оправдува со зацврстување на „Витаминка“ како лидер во прехранбената индустрија во Македонија и за зголемување на вкупниот приход на друштвото.

loading...