Search
недела 27 мај 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Приведени четири странски државјанки во локал во тетовско Желино

Loading...

Приведени четири странски државјанки во локал во тетовско Желино

Во угостителски објект во тетовското село Желино полицијата затекнала четири странски државјанки, од кои две државјанки на Косово и две на Албанија. Тие се приведени во СВР Тетово за понатамошна постапка.

– Полициски службеници по превземени мерки и активности за откривање на странски државјани кои илегално престојуваат или го злоупотребуваат туристичкиот престој со работа по угостителски објекти, во угостителски објект лоциран во село Желино, затекнати се четири лица, странски државјанки, од кои две државјанки на Косово и две државјанки од Р.Албанија. Лицата се приведени во СВР Тетово за понатамошна постапка, велат од МВР.