Search
понеделник 18 декември 2017
  • :
  • :
Најнови Вести

Професорката Тројачанец пронајдена мртва: Се плашевме од најлошото, тоа и се случи!

Пред околу еден час е пронајдено телото на професорката Снежана Тројачанец, по која што трагаше цело Скопје откако вчера наутро излегла од дома, и не се вратила.

Веста за смртта на професорката ни ја потврди нејзиниот сопруг, Пламен, во телефонски разговор.

,,За жал, потрагата заврши трагично. Мојата сопруга е пронајдена мртва, во реката Вардар, пред околу еден час. Ја најдоа трагачи со кучиња. Благодарен сум на цела земја, на сите што се вклучија во потрагата и кои ни понудија помош’’ – изјави за ,,Фокус’’ потресено Пламен Тројачанец.

Тој додава дека се плашел од најлошото уште од самиот почеток, бидејќи Снежана се лекувала од депресија.

Потрагата по професорката на факултетот по земјоделски науки и храна започна вчера околу пладне, откако нејзини блиски пријателки го објавија апелот на социјалните мрежи.

Вики Клинчарова