Search
сабота 17 ноември 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

РЕПЛИКАТА ШТО ТРЕБАШЕ ДА ЈА ИЗГОВОРИ ЗАЕВ

loading...

РЕПЛИКАТА ШТО ТРЕБАШЕ ДА ЈА ИЗГОВОРИ ЗАЕВ

“Пријатели, ве молам, ако ме почитувате, тргнете го овој црвен тепих од лозјево. Јас не сум филмска старлета или рок ѕвезда. Јас сум премиер на еден сиромашен и вреден народ, од село сум и нема грев да биде ако згазам во калта малку и јас. Тоа е наша, плодна македонска земја. Господ да ја благослови и род да ни даде и оваа година”.
Ете, тоа е репликата што требаше денеска да ја изговори Заев во Лепово, на закројувањето на лозјето на Тиквеш. Така требаше да постапи премиерот за кого гласав јас.

Jordanka Ivanovska-Joci Геро, има луѓе кои сакаат да те тупат дека тупиш. Таман си.

И Грујо имаше такви.
Да беше овој на сликава Груевски, толку автентично за него беа вакви глупоштии, ќе го дупневме од заебавање цела недела со видеа и мемиња.
Ама, пензионерската “гарда” на Заев, која уште гледа во него “комуњар”, а не поголем вмровец од Грујо, не ти дава сега да го нотираш на раат теписонскиот кичерај.

Туку, има и друг момент.
Што бара премиер на кроење лози !? Оди на тортијади, чваркијади, лозокроение, ко да е претседател на месна заедница.
Фино пиша Милчин.

Liljana Purdeska-Siljanoska Порано Геро го сметав за старо дртало, кој е љубоморен на дечките кои ги собра Заевиќ околу него. Шарениов си го одработи неговото( на времето) поточно, барем јас израснав со неговите КОЛУМНИ во тогашен Дневник. Сега сметам дека неговата реакција од почеток на формирањето на тимот на Зајеб, била сосема оправдана. Значи нема никаво објаснување или оправдување за тепихов влозје. Дали имало и ланската година , не е битно?! Битно е што премиерот сам си кажа дека е црпнат од нива, и има да покаже дека кал не му смета. Ако не им текнува на пи-арите, да му текнело нему. Геро е во право, зашто тој е во право и кога криво седи, а право пишува. Е сега што секогаш не е по наша (СЕЧИЈА) мерка…друга прича. Типов е дртало вкрај, ама и новинариште вкрај…

loading...