Search
вторник 20 февруари 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Снаата на Трамп во болница откако отворила писмо со бел прав

Loading...

Снаата на Трамп во болница откако отворила писмо со бел прав

Сопругата на Доналд Трамп Помладиот е пренесена во њујоршката болница откако отворила писмо со неидентификуван бел прав, соопшти полицијата. Писмото било испратено до најстариот син на Трамп, на адресата на неговиот стан на Менхетен. Ванеса Трамп и уште две лица се пренесени во болница на лекарски надзор.

Инцидентот го истражува тајната служба, а високи претставници на службата за Би-Би-Си изјавиле дека снаата на Трамп е во добра здравствена состојба.