Search
недела 27 мај 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Софија Лаличиќ денеска повторно ќе му суди на дедото на Тамара, кој е обвинет за обид за убиство на Тодоров

Loading...

Денеска почнува ново судско рочиште, во кое му се суди на дедото на Тамара, Љупчо Стојановски кој пукаше во екс министерот за здравство Никола Тодоров.

Пред Судот треба да бидат приложени нови психијатриски вештачења од ЈЗУ „Психијатриска болница – Скопје“ од кои треба да се утврди дали обвинетиот бил пресметлив кога го извршувал кривичното дело.

Стојановски се товари за „обид за убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Судот му определи притвор поради постоење опасност од бегство и опасност од извршување на истото кривично дело.

Судијката Софија Лаличиќ и понатаму ќе му суди на дедото на Тамара.