Search
вторник 20 февруари 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ ДЕМИР КАПИЈА: Тешко повредена пратеничка на СДСМ и градоначалникот на општина Валандово

Loading...

Едно лице е потешко повредено, а едно се здобило со полесни повреди во сообраќајка, што се случи вечерва во клисурата кај Демир Капија.

U

Од Автомотосојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на патниот правец Демир Капија – Неготино е во прекин за сите возила во двата правци.

Во моментов се врши увид на местото на несреќата.

-Вечерва околу 18.30 часот на маг. пат Демир Капија–Неготино патничко моторно возило „Опел корса“ со гевгелиски регистерски таблици, управувано од М.Л. (33) удрило во одрон и се превртело. М.Л. е пренесена во Ургентен центар во Скопје, а сопатникот П.К. (30) во болницата во Кавадарци, информираат од МВР.

Според неофицијални информации повреденото лице е пратеничка на СДСМ од Валандово. Според првичните информации, пратеничката била заедно со градоначалникот на општина Валандово.

Извор ВЕЧЕР прес