Search
понеделник 20 август 2018
  • :
  • :

ТИНЕЈЏЕРКА (18) БРУТАЛНО УБИЕНА ВО ИТАЛИЈА: МИГРАНТИ ЈА СИЛУВАА И ГО РАСПАРЧИЈА НЕЈЗИНОТО ТЕЛО

Памела Мастропјетро (18) која мигранти ја распарчија денеска беше прогребана во присуство на стотици Римјани.

За ова ужасно убиство се осомничени тројца Нигеријци, меѓу кои е и еден дилер на дрога.

Италијанската јавност е дополнително потресена бидејќи за неколку дена почнува судењето на мажот кој пукаше во Африканците во знак на одмзада за бруталното убиство на тинејџерката.

Кога белиот ковчег на Памела, покриен со цвеќе стигна во црквата стотиците насобрани, членови од семејството, пријателите и граѓаните на Рим ракоплескаа, а потоа пуштија бели и розеви балони кон небото.

Памела е убиена пред три месеци веднаш од излегувањето од центарот за одвикнување од наркотици.

Неа тројца Нигеријци, меѓу кои и наркодилер на 30. јануари ја убија и распарченото тело го спакувале во два сандаци и го оставиле покрај пат. Наркодилерот е осомничен и дека ја силувал Памела.

Овој припадник на крајната десница не ја познавал жртвата, но сакал да се одмази за нејзината смрт па на 4. март во центарот Маќерате пукал во Африканци, ранувајќи најмалку шест лица.

Судењето му почнува на 9. мајк. Ужасното убиство и расистичката одмазда месец дена пред парламентарните избори ја потресоа Италија и предупредија на длабоката напнатост поради мигрантите во таа земја. Во Италија во последните години пристигнаа повеќе стотици илјади лица.

Во Маќерати неофашистичките активисти во петокот ја преименуваа улицата во која девојката е убиена во „Улица на Памела Мастропјетро, жртва на нигериската мафија“.

loading...