Search
сабота 17 ноември 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

(ВИДЕО) Авионска несреќа во Москва, патнички авион се сруши по полетувањето, нема преживеани од 71-те патници и екипаж

loading...

Патнички авион Ан-148 што полетал од московскиот аеродром Домодедово, се урнал, а според информациите кои ги пренесуваат светските медиуми нема преживеани. Бројот на жртви е 71, од нив 65 биле патници, а шест лица го сочинувале екипажот.

Авионот беше на пат кон градот Орск, а исчезнал неколку минути по полетувањето и, наводно, се урнал на 80 километри југоисточно од Москва.

Леталото било сопственост на авиокомпанијата Саратов Ерлајнс.

Еве го истиот авион снимен неколку месеци порано при слетување на истиот аеродром:

Овој авион е идеален за земјите од третиот свет каде аеродромите се високи на планини, со лоши писти, слетувања и полетувања во лоши услови, се смета за вистинско авионско магаре, спремно да носи многу патници и товар без никакви проблеми, ова е една од ретките несреќи со овој авион…

 

loading...