Search
петок 19 октомври 2018
  • :
  • :

ВИДЕО: Протести пред Собранието: Македонија е вечна – порачаа демонстрантите

Група граѓани вечерва излегоа на протест пред Собранието од каде порачаа дека „Македонија е вечна“ испишувајќи ги зборовите со спреј на тротоарот пред законодавниот дом. Со пораките „Клети предавници“, тие го изразија незадоволството од договорот постигнат помеѓу Македонија и Грција, според кој земјава го прифаќа името „Република Северна Македонија“ за севкупна употреба, како услов за одблокирање на евроатлантскиот пат.

Инаку, група граѓани пред Собранието со месеци кампуваше во шатори како знак на протест против интензивирањето на преговорите и информациите за напредок во процесот. Нивните пораки беа упатени главно кон меѓународната заедница, преку транспарентите на кои беше напишано „Европо, нашето име е Македонија“ на англиски јазик.

1тв

loading...