Search
сабота 17 ноември 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Владиката Агатангел го прогласи Заев за ѓавол и повика на крваво востание за спас на Македонија!!!

loading...

Драги мои Македонци! Воведени сме во големо и страшно искушение. Стоиме пред еден од најголемите предизвици во нашата историја. Дојдено е времето да ги покажеме својата душевна и духовна сила. Од нашите постапки и од нашата цврста волја зависи иднината и опстојот на нашиот народ и на нашата држава.

Пред нас е исправен нечестивиот со неговите поделби и немири. Без наше учество во неговото недело, неговите намери се безвредни, а неговата сила е бессилна и хаотична. Неговата намера е јасна, а неговите постапки се очигледни. Ни се предлага безумство и нечуена лудост.

Не само што сме присилени да се самоукинеме како македонски народ, туку треба и да им бидеме благодарни за тоа на новите кумови.

Но нека биде јасно еднаш и засекогаш, името наше е македонско, а името на нашата татковина е Македонија, такво сме го наследиле како македонски народ, такво ќе им го предадеме на идните генерации. Во последните децении, оние што требаше да се грижат за народната благосостојба, во борбата за власт и овоземска слава бесрамно газејќи преку сè го изморија народот, ја исцедија неговата сила, го доведоа до апатија и безволност.

Тажно е да се биде сведок на ваквото време, тешко е да се поднесе целото секојдневие. Конечно треба да разбереме дека никому ништо не му должиме и никој и ништо на овој свет не е вреден за таква голема жртва, каква се бара од нас. Македонија не е само денеска, таа е древна цивилизација од која се состои темелот на нашето национално битие. Затоа да бидеме силни и достојни за животот што го живееме и за богатството што сме го наследиле.

Не смееме да дозволиме во блиска и во далечна иднина од нас да се срамат нашите синови и ќерки. Ако предлозите што доаѓаат однадвор се невидена дрскост и нечуена срамота, тогаш уште посрамота се оние што се согласуваат и молчат пред нив, а земаат плата од нашите тешко спечалени пари.

Имаме шанса, драги мои, да ги посрамиме сите оние што имаат задни и нечесни намери. Нашето одлучно „не!“ на нивните предлози се нивниот најголем пораз. Нашата решителност и одважност за националните прашања силно ќе одекнат во светот. Преку нив ќе си го зачуваме образот и ќе го надградиме нашиот углед. Не постои власт во светот што може да оди против својот народ. Оној што се обидел да оди спротивно од народните потреби и интереси неславно и во срам завршува на ѓубриштето на историјата. Наивци се оние што мислат дека се конструктивни ако молчешкум се фатат на орото со непријателот. Треба и нив како македонски народ да ги разбудиме и освестиме. Ова мое писание е уште еден повик за отрезнување и вразумување.

Нека им биде јасно на сите дека ние Македонците не преговараме, ниту прифаќаме никакво поинакво име за својата држава освен Република Македонија, ниту пак имаме намера да си поигруваме со нашиот вековен македонски идентитет. Народното единство е нашиот спас, без него сме сите ние кршливи стебленца на силниот и непредвидлив ветер. Во нашата добра намера за свој сојузник го имаме Бога. Тој секогаш ги штити и крепи онеправданите. Го чека Бог нашето срце, нашата молитва, нашата подготвеност. Ќе ни помогне да излеземе од бездната во која со децении нè туркаат славољупците и среброљупците. Ние самите на себе сме си најголемиот пријател, да не очекуваме дека некој отстрана ќе се застапи за нас.

Ако имаме пријатели, што бездруго е така, ќе им бидеме бескрајно благодарни. За непријателите пак ќе се помолиме да ги вразуми Бог, никого нема да мразиме, ниту пак да го осудуваме. Љубовта го создава, обликува и спасува светот. Ние ќе престојуваме во љубовта, но вистината и правдата, секогаш јавно и без стеснување ќе ја кажуваме и сведочиме. Со таков смирен дух ќе се избориме за своите права и во иднина ќе го браниме она што макотрпно и со многу труд низ вековите сме го стекнале. Оние што без срам и одобрение од народот преговараат за бесмислени прашања како што се името на државата, јазикот и идентитетот на македонскиот народ што поскоро нека се вразумат и нека ги усвојат гореспоменативе начела. Нека ги тргнат настрана личните интереси и суети.

Нека сфатат конечно дека нив никој не ги овластил да преговараат за прашања поврзани со македонската историја, со македонскиот јазик, име и идентитет. Секој што понатаму ќе продолжи да преговара и да им се умилкува на странските и грчките политичари е само еден дрзок слабак што мисли високо за себе. Нека бидат свесни нашите преговарачи дека вечно ќе останат запаметени како предавници и одродници во нашето историско сеќавање. Такво наследство ќе им остават и на нивните деца, внуци и правнуци.

Храброст и смелост ни требаат во овие моменти. Нека се чуе насекаде по светот дека Македонците се горд и достоинствен народ и не потпаѓаат лесно на лаги и манипулации. Нашата решителност нека ги утеши и оние наши браќа и сестри од соседството што цел еден век живеат во тортура, омаловажување, негирање и понижување. Еднаква е нашата одговорност, како за нас така и за нив. Нашата храброст ќе спречи нивно понатамошно осипување и одродување. Ништо на овој свет не е повредно од нашето достоинство и од нашата чест. Да не дозволуваме странци и немакедонци да ја кројат нашата иднина.

Имаме историска шанса да се утврдиме како сериозен народ и сериозна држава. Овој период е најсериозниот тест за нашата зрелост кој, можеме и мораме успешно да го положиме.

 

loading...