Search
среда 19 септември 2018
  • :
  • :

ВРАБОТЕН ВО СКОПСКИ ХОТЕЛ: ПАРОВИ НА РАЗЛИЧНА ВОЗРАСТ “СЕ РАСТУРААТ” ЗА ВРЕМЕ ПАУЗА

Имам 55 години и во хотелиерството сум триесет години. Порано работев во еден познат ланец на хотели, а сега сум вработен во еден приватен Скопски хотел како рецепционер. Бизнисот во хотелиерството во нашата држава почна да цвет во деведесеттите години, по осамостојувањето на нашата држава.

Кога беше војната во поранешна Југославија и особено кога беше војната во Србија и Косово во 1999 година и во Македонија во 2001, Скопје беше дестинација на новонарски екипи од целиот свет, како и претставници на разби хуманитерни организации. Во тие периоди, не можеше да се најде празна соба во Скопските хотели.

Потоа имаше мал пад на овој бизнис, но огромен подем има повторно во последните неколку години, по реализирањето на многу оспоруваниот проект Скопје 2014, бидејќи, многу странци доаѓаат да го видат нашиот град. Што е многу чудно и интересно, има многу организирани групи кои доаѓаат од Кина, Јапонија, а секако и од Европските држави.

Но што е интересно. Во сите меѓупериоди, кога работата паѓа, хотелите преживуваат од таканаречените “швалери”. Млади, но и постари парови, кои ги изневеруваат своите сопружници, се чести гости на хотелите и тоа најчесто во претпладневните часови, во таканаречената пауза од работното време. Се задржуваат околу половина до еден час и си одат. Во многу хотели има и посебна тарифа за ваквите гости, цена која е најчесто за половина помала од вообичаената.

Ќе издвојам две интересни случки кои ги имам доживеано во мојата кариера со ваквите гости. Првата беше лани, кога дојдоа маж и жена на околу четириесет годишна возраст. Се сместија, но по пет минути, дојде сопругот на жената. Најверојатно ја прател. Во раката држеше безбол палка и се закануваше дека ќе ја претепа. Бараше од нас да го однесеме во собата во која е неговата сопруга. Ние нормално му рековме дека немаме таков гостин, а истовремено телефонски се јавивме во собата и ги алармиравме гостите.

Жената некако успеавме да ја извадиме од хотелот преку кујната, а мажот се симна во лобито и помина покрај разулавениот сопруг кој не го познаваше и упорно чекаше да се појави неговата сопруга. По еден час, припадник на обезбедувањето на хотелот, успеа да го убеди дека можеби се препознал, а и нему му помина афектот, па си отиде.

Втората интересна случка се случи лани, кога парот кој два часа порано влезе во собата се јави на рецепција и бараа да повикаме Брза помош. Се “заглавиле” кутрите. Се обидувале да го решат проблемот, но безуспешно и мораа да повикаат Брза помош. Лекарската екипа интервенираше, а потоа тие засрамени го напуштија хотелот и никогаш повеќе не ги видов.

Имало многу згоди и незгоди и искрено, кога повторно би се родил, повторно би ја одбрал оваа професија, како работа која би ја работел.

Обработи: Петар П.

loading...