Search
сабота 17 ноември 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

За Калина Велевска, вљубеничката во планинските предели…

loading...

AKO mk

26 годишната Калина Велевска, член на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“, прерано го заврши својот млад живот на врвовите на Кајмакчалан…таа вчера целосно им се предаде на планините…

Калина Велевска, по пад во бездна, загина на Кајмакчалан заедно со 35 годишниот А.М.

Калина и самата беше дел од екипата и сведок на драмата која се случи при нивното патешествие одејќи кон Титов Врв на Шара во 2016 година, кога дел од нејзините другари го грееа со своите тела  17 годишното момче кое падна во бездна, додека да дојдат спасувачите.

Калина Велевска тогаш напиша:

,,Планината не прави среќни, ни ги трга секојдневните грижи, прави да се чувствуваме убаво, ни буди најубави емоции.Сепак, не смееме да заборавиме на нејзината моќ, на нејзината големина и никако не смееме да и водиме инает“…напиша таа по повод овој немил настан. Што од сето ова се случи вчера на Кајмакчалан, знаат само Калина и нејзиниот сопатник на патот кон бесконечноста.

Калина Велевска, во својот кус, но исполнет со бројни доживувања и авантури живот, ќе остане запаметена по својата нескротлива природа и љубов кон природата и планините. Своите доживувања ги бележеше во серија написи ,,Од дневникот на една планинарка“. Нека почива во мир.

Фотографија на Aleksandar Minovski.

Фотографија на Aleksandar Minovski.

loading...