Search
вторник 20 февруари 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Заев нареди, новинарите исполнуваат: Распородажбата на Македонија се прикрива со медиумски манипулации нарачани од партиски штаб

Loading...

Oдамна не сме ѕирнале што објавуваат опозициските медиуми КУР-ир во прв ранг еве бе срцки  по нешто и ќе потрефат како ќорави кокошки пак мораме ние да им работиме, ах бе ДПМНЕ зашо ги плаќаш не ви вршат работа…

Во Република Македонија владее досега невиден медиумски мрак, медиумите се под уцена за прогон и притисок од страна на СЈО и владеачката партија. Притисокот повеќе не се ни задскрива, на минатонеделниот брифинг во Клубот на пратеници, кој премиерот Зоран Заев го одржа со главните уредници на медиумите, по прашањето за преговорите со Грција за името на Република Македонија тој на уредниците им порача – „внимавајте што објавувате во наредниот период бидејќи можете да му наштетите на преговарачкиот процес“, пишува порталот Денешен.

Или со други зборови кажано, премиерот Зоран Заев на уредниците им порача – не објавувајте вести во кои се содржани тези за зачувување на уставното име на државата бидејќи така ќе влијаете на јавното мислење, а такво јавно мислење кое ќе се спротистави на промена на името и идентитетот ќе го наруши преговарачкиот процес од кој, е се поизвесно дека, ние ќе излеземе со целосно променет идентитет.

Денешен пишува дека со само еден „совет“ Заев ги пренасочил медиумите и како на копче им го променил полето на интерес за известување на јавноста.

-По брифингот, како по план, следеше закажување на судски рочишта за поранешниот премиер на Република Македонија и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, со распоред каков не е виден досега. Во текот на една недела секој ден е закажано по едно рочиште. Со ваков богат „материјал“ за шпекулации и спинови, медиумите наместо да истражуваат што се преговара во овој момент со грчките власти, тие секој ден стојат пред судот чекајќи изјава од Груевски и новинарскиот спин, а не изјавата, да биде главна тема во јавноста додека се тргува со нашата држава. Уште пострашно е тоа што новинарите од сите медиуми, без исклучок, не дозволуваат и не сакаат да чујат став од Груевски па сакајќи да направат скандал тие го прашуваат тривијални прашања како „дали е ваш гласот во бомбите“, „дали сте нарачале телевизорче“, „дали ќе го купите сега мерцедесот“ (патем Заев не излезе од истиот Мерцедес иако тој беше набавен за превоз на високи гости од надвор) и слично, пишува порталот.

На ова Груевски одговори „Вие сакате друго да чуете а не сакате да го чуете она што е вистинскиот одговор и она што вистински се случува во Македонија во овој момент. Целта беше да се сруши Владата со цел да се смени името и идентитетот. Владата се сруши и сега е целта да се одвлече вниманието и во друга атмосфера да се решава тоа“. Впрочем, Груевски го изјави она што вистински се случува во Македонија – народот да се занимава со гребаниците од мачки на Мерцедесот, и неговата моментална вредност, дали во некој објект течеле капки вода од таванот на силен дожд во услови кога во Скопје на секој трет објект повремено течело и тече вода одкако знаеме за нас, додека на ангро се распродава се што остана од државава.

-Целото ова замајување на јавноста медиумите не ги презентираа ниту фактите, коментарите и поентите на Груевски кои тие самите ги бараа од него. А во тие коментари директно или индиректно се посочи дека правниот систем е заробен и целосно колабиран, дека во судството е извршена невидена партизација, дека судиите се под перманентен притисок од партијата на власт, дека се врши политички прогон на секој еден неистомисленик на власта, дека се замолкнува секој глас кој се однесува на преговорите за името кои ги водат Заев и Димитров, дека се злоупотребуваат незаконски стекнати материјали и истите не ѝ се даваат на одбраната да ги преслуша и да изгради соодветен одговор. Никој не кажа дека во судот се кршат одредбите од Европскиот суд за човекови права. Еден од потписниците на вештачењето бил Тале Герамитчиоски, ексминистер и пратеник на СДСМ, додека правното лице кое го правело вештачењето е на ни помалку ни повеќе Димитар Бузлески. Плус вештаците имале истечени лиценци. И никој ова не го спомнува а токму тука е испреплетена партијата со државата и судството. Одбраната посочи дека: „Постои објективна оправданост и сомнеж во објективноста на вештачењата во однос на политичката кариера на вештакот Тале Герамичиоски и управителот на компанијата која била ангажирана, бидејќи токму во тој период исполнувале високи политички функции како избрани или именувани лица на предлог на СДСМ, еден од обвинетите исто така во тој период извршувал високи функции во ВМРО-ДПМНЕ. Затоа судот треба да го земе во предвид овој објективен сомнеж бидејќи нивниот политички ангажман го загрозува правото на правично судење“, стои во текстот.

Медиумите прифатиле и лрешиле да играат по диктат на Заев и да се занимаваат со монтираните и политички инспирираните судски процеси, но тие не го соопштуваат ниту она есенцијалното од овој политички прогон, тие не сакаат ни да ги чујат изјавите на обвинетите од кои истите ги бараат. Медиумите завиени во мрак не почитуваат ниту презумпција на невиност и однапред ги прогласуваат за виновни обвинетите. Во овие историски мигови за Македонија медиумите кои носат една од најголемата општествена одговорност се занимаваат со паушални и несериозни прашања кои се срам за новинарската фела.